• среда, 25 декември 2024

Трифонов: Ако не се врати здравиот разум, ќе се одржат предвремени избори

Трифонов: Ако не се врати здравиот разум, ќе се одржат предвремени избори
Софија, 29 јули 2021 (МИА) - Ако не се врати здравиот разум, ќе се одржат предвремени избори, ова го напиша лидерот на „Има таков народ“ (ИТН) Слави Трифонов на својот Фејсбук профил, јави дописникот на МИА од Софија. Позицијата на Трифонов доаѓа по скандалот што изби меѓу Демократска Бугарија и „Има таков народ“ поради притисокот на Христо Иванов и Маја Манолова да ги вклучи во редовната влада помошниците министри Асен Василев и Кирил Петков.
Претходно денеска, како што јави дописникот на МИА од Софија, заменик-претседателот на „Има таков народ“ Тошко Јорданов презентирашде факти за Асен Василев од неговата деловна кариера, поврзани со кражба на интелектуална сопственост и заобиколување на законите. Слави Трифонов напиша дека неговата партија и „Демократска Бугарија“ подеднакво сметаат дека се потребни длабоки реформи во судството поради влијанието на ДПС и ГЕРБ. „Ние и Демократска Бугарија подеднакво веруваме дека специјалниот суд и специјалното обвинителство во Бугарија треба да бидат затворени поради нивното сквернавење од ДПС и ГЕРБ. Факт е дека ако не се врати здравиот разум и не се сетат кој е главниот непријател, ќе се оди на предвремени избори и вината за ова ќе биде нивна“, напиша Трифонов. нк/паг/
   

Остани поврзан