• понеделник, 23 декември 2024

Трипуновски: Пестициди и тешки метали се детектирани во увезените овошје и зеленчук

Трипуновски: Пестициди и тешки метали се детектирани во увезените овошје и зеленчук

Скопје, 5 јуни 2023

Да сме на чисто - Пестициди и тешки метали се детектирани во овошјето и зеленчукот кои се увезени во Македонија. Тоа недвосмислено го потврдуваат анализите кои ги презентирав на јавноста!

Додека Бабовски и останатите околу него сакаат да ја замајат јавноста од детектираните присуства на резидуи од пестициди во храната од неживотинско потекло, добро е Бабовски да го посоветуваат околу наодите од тестирања и начинот на прикажување во истите. Имено, од Правилникот за општите барања за безбедност на храната во однос на максималните нивоа на одделни контаминенти може да се види дека максималното ниво на контаминенти – метали е дадено само за олово и кадмиум изразено во mg/kg водена тежина). Зошто ДФЛ се повикува на максимално дозволено ниво на тешки метали и анекс на правилник кој не е на сила и истиот е објавен во Службен весник на РСМ бр. 227/2021? Не се детектира максимално дозволено ниво кај контаминенти, како што е тоа случај со резидуи од пестициди. Дополнително, лимитот на квантификација е изразен во ug/L, а добиениот резултат во ug/kg. Во мојата прес реакција беше наведена мерна единица. Но, што правиме со детектираното ниво на арсен во производите ? Дали и за тоа Трипуновски згреши ? Дали производите се безбедни согласно Закон и правилник, или за тие испитувања иако нема вредности неможе да се обезбеди изјава за сообразност дали истите се сообразни? Зошто во наодот од тестирање на ФВМ има соодветна изјава на сообразност, а во оној на ДФЛ не? Дали државните инспектори знаат да ги протолкуваат овие резултати? Дали Агенцијата има изготвено анализа на ризик за максималното ниво на арсен во храната од неживотинско потекло врз човековото здравје?

За крај да му порачам на Бабовски, Николовски и сите инволвирани во овој скандал дека одговорност ќе има за многу скоро од сега!

Поднесување кривична пријава само говори за вашиот очајнички обид да се извлечете од овој мега скандал, НО нема да успеете!

Цветан Трипуновски, претседател на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан