• понеделник, 29 јули 2024

Трипуновски: Откупната цена на јаболката во Ресен е под производната

Трипуновски: Откупната цена на јаболката во Ресен е под производната

Скопје, 17 октомври 2023

Денеска сум во Ресен на средба со земјоделците од овој регион.

Годинешната реколта е катастрофална каде што мал удел имаа временските услови во Македонија, а поголем дел од одговорноста припаѓа на Владата и МЗШВ заради погубните политики во земјоделството.

Изминативе дваесетина дена во Македонија е дозволен увоз на јаболко од Србија, Албанија па дури и од Молдавија на штета на македонското квалитетно јаболко, а исто така во овој регион откупната цена е далеку под производната цена додека крајниот потрошувач на пазарите ширум Македонија купува скапо јаболко.

За неколку месеци од сега доаѓа нова Влада во Република Македонија која што навистина ќе покаже како со идеи, со конкретна визија и мерки ќе го врати достоинството на македонскиот земјоделец.

 

Линк од ФБ објава на Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ:https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/videos/184777311266238

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан