• понеделник, 23 декември 2024

Трипуновски од Конче: Преку манифестацијата „Од зрно до погача“ се негува македонската традиција како наше најголемо богатство

Трипуновски од Конче: Преку манифестацијата „Од зрно до погача“ се негува македонската традиција како наше најголемо богатство

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Во мултиетничко Конче, с. Лубница, денеска се одржа манифестацијата „Од зрно до погача“ на која се презентираа мултиетничките традиции, обичаи, здравата храна и соживотот на македонското и турското население кое што живее во регионов.

На настанот присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој посочи дека преку вакви манифестации може да се негува и зачува традицијата како наше најголемо богатство.
 
-Традицијата на еден народ е олицетворение на сето богатство што може да го презентира една земја. Преку повеќе вакви настани традицијата ќе продолжи да се раскажува преку храна, песни и игри, истакна министерот Трипуновски.
 
Во рамките на манифестацијата беше приреден и фолклорен дел посветен на жетварските обичаи од страна на локалните жители и беше изложена прекрасната традиционална храна од регионот.

Манифестацијата „Од зрно до погача“ е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со ЗРР Блесок од Радовиш. вг/вј/

Фото: МЗШВ

 

Остани поврзан