• среда, 27 ноември 2024

Трипуновски: Ги отвораме институциите, македонските земјоделци ќе имаат полесен пристап до Платежната агенција

Трипуновски: Ги отвораме институциите, македонските земјоделци ќе имаат полесен пристап до Платежната агенција

Скопје, 30 август 2024 (МИА) -  Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски најавува отворање подрачни единици и канцеларии во речиси секоја рурална општина за, како што вели, МЗШВ да биде поблиску и сериозен сервис на земјоделците.

Трипуновски денеска, заедно со директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, ја посети Подрачната единица на МЗШВ во Струмица.

-Заедно со директорот сакаме да соопштиме дека во наредниот период секоја подрачна единица и вработените во подрачните единици на Министерството ќе имаат пристап до базата на податоци на Платежната агенција за да не мора земјоделците да патуваат до Скопје и да проверуваат дали нивната апликација е во ред, појасни Трипуновски.

Според него, од идната година се планира сериозно инвестирање во техничкиот капацитет на секоја подрачна едница и зголемување на нивната  функционалност. мч/са/

Фото: МЗШВ

Остани поврзан