• сабота, 23 ноември 2024

Тринаесет лица загинаа во демонстрациите во Нигерија

Тринаесет лица загинаа во демонстрациите во Нигерија

Абуџа, 2 август 2024 (МИА) - Најмалку 13 демонстранти загинаа синоќа во големите демонстрации во Нигерија организирани поради економската криза во оваа африканска земја, соопшти денеска Амнести интереншенел.

Властите потврдија дека четири лица загинале во експлозијата на бомба, а стотици се уапсени во протестите кои доведоа до полициски час во неколку сојузни држави.

Директорот на Амнести интернешенел за Нигерија, Иса Сануси, во интервју рече дека обезбедил независна потврда за смртните случаи пријавени од сведоци, семејства на жртвите и адвокати.

Во северните држави Кано и Кацина беа уапсени над 300 демонстранти и е воведен полициски час по грабежот на владин и јавен имот, соопшти нигериската полиција.

Во немирите загина еден полицаец, а неколкумина се повредени.

Протестите се организирани главно поради недостиг на храна и лошо управување со земјата.

Носилелите на јавни функции во Нигерија често пати се обвинувани за корупција, иако се меѓу најдобро платените во Африка, што е остар контраст за земја која има некои од најсиромашните и најгладни луѓе во светот, и покрај тоа што е еден од најголемите производители на нафта на континентот.

Носејќи транспаренти, ѕвона и зелено-белото нигериско знаме, демонстрантите пееја песни додека ги набројуваа нивните барања, вклучително и враќање на субвенциите за гас и електрична енергија, што беа укинати како дел од храбрите реформи на владата за раст на економијата по цена на речиси сè друго.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан