• среда, 16 октомври 2024

Трибина „80 години од кодификацијата на македонскиот јазик“ во Институтот „Крсте Мисирков“

Трибина „80 години од кодификацијата на македонскиот јазик“ во Институтот „Крсте Мисирков“

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Во рамки на годинашните Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ кои почнаа вчера и траат до 18 октомври, денеска ќе се одржи трибина насловена „80 години од кодификацијата на македонскиот јазик“.

Утре Отворените денови ќе продолжат со дводневната (среда и четврток), деветта Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик - извор на научни истражувања“. На отворањето утре ќе биде промовиран зборникот од минатогодишната, осма конференција. 

Отворените денови на Институтот за македонски јазик почнаа вчера со пригодни обраќања и промоција на неколку изданија.

Годинава манифестацијата е во знакот на два големи јубилеја: 150 години од раѓањето на патронот на Институтот за македонски јазик  – Крсте Петков Мисирков, и 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик и од Првото заседание на АСНОМ. хс/ цр

Фото: МИА архива 

Остани поврзан