• сабота, 23 ноември 2024

Трибина „Новиот прозен женски книжевен бран: Жената и градот“

Трибина „Новиот прозен женски книжевен бран: Жената и градот“
Скопје, 23 ноември 2022 (МИА) - Центарот за култура и културолошки студии денеска во Институтот за македонска литература организира трибина со наслов „Новиот прозен (женски) книжевен бран: жената и градот“ на која ќе учествуваат книжевни теоретичари и критичари и авторки. -Целта е да се согледа „големата слика“ што ја продуцира творештвото и животниот стил на овие наши млади писателки... Уште со појавата на антологијата „Ветерот носи убаво време“ се навести еден нов книжевен сензибилитет кај најмладите македонски писатели. Најмногу од нив живеат и творат во Скопје. Од овој податок уште поважен е фактот дека тие, со своето творештво, со начинот на живот, со креирањето на јавното мислење, го трасираат патот на културното урбано живеење.Тоа ново се препознава преку раскинување со дотогашниот историски наратив и свртување кон секојдневието. Сепак, се чувствува недостиг од проследување на тоа творештво со сите импликации кои ги носи, соопшти организаторот на трибината која е во рамки на  манифестацијата „Креативни точки 2022“. Излагања ќе имаат: проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, проф. д-р Наташа Аврамовска, проф. д-р Мишел Павловски, Фросина Пармаковска, проф. д-р Ана Мартиноска, д-р Емил Ниами, Симона Јовановска, д-р Билјана Рајчинова и м-р Ана Јовковска. хс/мд/    

Остани поврзан