• понеделник, 23 декември 2024

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: „Современи политики за развој на земјоделството“

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: „Современи политики за развој на земјоделството“

Скопје, 6 јуни 2023

Трипуновски: Идната владата на ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го рестартира земјоделството, поголеми субвенции, 20 милиони годишно за водоснабдување и откупни центри на земјоделските производи

Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната трибина во организација на партијата, насловена „Современи политики за развој на земјоделството истакна дека земјоделството во државата е носечки столб на македонската економија, меѓутоа поради погрешните политики на владата на СДС и ДУИ, Македонија е речиси комплетно увозно зависна од храна.

Земјоделството е носечки столб на нашата економија, меѓутоа изминатите 6 години откако СДС е на власт, гледаме дека секојдневно и се случува скандал, погрешна политика која што денеска Македонија ја донесе во една незавидна ситуација да бидеме речиси комплетно увозно зависни од храна, рече тој.

Трипуновски го посочи последниот мега скандал поврзан со увоз на зеленчук од Албанија со пестициди и тешки метали, укажувајќи дека наместо Николовски и Бабовски да си поднесат оставки, тие обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е креатор на лажни вести.

Изминатите денови објавив скандал кој што се однесува на увоз на зеленчук од Албанија. Кој што е загаден со пестициди, тешки метали. Она што не изненадува е тоа што наместо власта да признае за овој голем пропуст се обидува со бледи соопштенија да го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е креатор на лажни вести. Меѓутоа аргументите и фактите се на наша страна, додаде тој.

Трупуновски вели дека земјоделските изминатите 6 години се соочуваат со доцнење односно неисплаќање на субвенциите, злоупотреба на партиска основа, пропусти во делот на водоснабдување на земјоделските површини, злоупотреба на земјоделското земјиште и најгорливиот проблем откуп и пласман на земјоделските производи.

Земјоделските производи завршуваа на буниште, односно земјоделците не можеа да го продадат својот род и беа доведени до ситуација да се соочат со проблеми на егзистенцијата. И тука се сите, лозарите, тутунарите, оризопроизводителите, сточарите, млекарите. Така што нема гранка која што не е уназадена, нагласи тој.

Трипуновски вети дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинството на земјоделците.

ВМРО-ДПМНЕ има сериозен плани и визија, човечки капацитет, знаење, проекти и мерки кои што ќе значат враќање односно рестартирање на македонското земјоделство од оваа тешка ситуација и конечно Македонија да стане она што беше, производител на храна за домашни потреби, производство на храна кое ќе значи извоз и девизен прилив за државата и враќање на достоинството на земјоделците, објасни тој.

ВМРО-ДПМНЕ ќе направи максимално зајакнување на фитосанитарниот систем, односно навремена и целосна контрола на она кое што влегува во Македонија, бидејќи пред се и над се е здравјето на граѓаните. Во делот на пласманот на земјоделските производи ќе спомнам само три од сетот на мерки, а тоа е ќе се донесе нов закон со модифицирани и зајакнати услови во делот на кој се може да откупува земјоделски производи во Македонија, со посебен акцент на исплатата на земјоделските производи, изјави Трипуновски и додаде:

Изградба на нови модерни дистрибутивни центри кои што веќе години наназад се зборуваат, а никако да станат реалност. И она кое што сметам дека  е приооритет е министерството и владата донесат минимални производствени цени кои што ќе бидат оној минимум за секој земјоделски производ во тековната година, бидејќи само така ќе можеме да зборуваме за рентабилно земјоделско производство.

Трипуновски вети и зголемување на субвенциите и олеснување на бирократските процедури за да им биде полесно на земјоделците да финансираат и за националните, но и за европските фондови, како и носење на 10 годишна програма во делот на водоснабдувањето на земјоделските површини.

Она кое што ВМРО-ДПМНЕ ќе го спроведе е носење на 10 годишна програма за водостопанство со 20 милиони евра инвестиции на годишно ниво за изградба и одржување на постоечките мрежи за наводнување, дециден е Трипуновски.

Трипуновски нагласи дека со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе заврши распределбата на земјоделското земјиште на луѓе кои што не се земјоделци.

Ќе извршиме ревизија а тоа ќе значи ревизија на сето земјоделско земјиште и делење на земјоделското земјиште на вистинските земјоделци, се со цел да можат да егзистираат во Македонија, заклучи тој.

Димовски: Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде сплотена со земјоделците

Љупчо Димовски, пратеник на денешната трибина во Прилеп насловена како „Современи политики за развој на земјоделството“ рече дека клучни се три работи, а тоа се семе, вода и земја.

„Со овие работи е стартот и може да се надополнуваат истите  со законите и политиките.  Потребен е и пласман на производите. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде сплотена со земјоделците“, рече Димовски.

Според Димовски потребен е центар за производство на семе карактеристично за Македонија како на пример семе за домати, пиперки и слично.

„Понатаму, од 2013 година имаме десетгодишна програма за системот за водоснабдување. Тоа е програма која оваа Влада ја заборави. Во делот на земјиштето треба да се направи ревизија на распределеното земјиште бидејќи само големи парцели значат економско оправдано земјоделско производство и пониски трошоци, а поголема добивка и за земјоделците“, рече Димовски.

Димовски укажа дека  мора да се донесе нов закон за тутун, мора да се забрани увоз на ориентален тутун.

„Тој закон треба да се договара со претставници на тутунарите, законот е за да им излезе во пресрет на тутунопроизводителите“, кажа Димовски.

Според него треба да се внимава и на откупот и на поттикнување на преработувачки капацитети.

“Потребна е нова посебна индустриска зелена зона каде ќе се лоцирани преработувачките капацитети каде врз договорна основа ќе се соработува со производителите за да им се гарантира откуп на земјоделците“, рече Димовски. 

Во однос на субвенциите тој посочи дека истите треба да се насочени врз основа на квалитет на земјиште.

„Таму каде има најголеми успеси, таму ќе има најмногу субвенции“, посочи Димовски.

 

Ристески: СДС ги ограби тутунарите, нема организиран откуп и цените се ниски

„Луѓето со кои секојдневно се сретнуваме односно земјоделците се навистина незадоволни и се чувствуваат оставени сами на себе од оваа арогантна и неспособна власт која воопшто не се грижи и она што го работи во делот на аграрот и сите останати сфери, тоа е секако најчесто од лукративни причини“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп на тема „Современи политики за развој на земјоделството“

Тој истакна дека обврска на власта и Владата е кога има ситуација на дисбаланс помеѓу производствената и откупната цена на еден производ тогаш мора да интервенира самата Влада.

„Земјоделците се чувствуваат пред се тутунопроизводителите оставени сами на себе и ограбени бидејќи во изминатите години откако дојде СДС на власт состојбата во тутунопроизводството е многу лоша, наместо да има организиран и добар откуп низ годините се соочивме со еден неорганизиран и хаотичен откуп со една ниска откупна цена. Годинава се фалеа со повисока откупна цена, но заборавија да ја кажат улогата на огромната инфлација, високите трошоци во производството и нафтените деривати што секако го изеде профитот на тутунопроизводителите и на крајот луѓето велат дека работат само за да ги покријат основните трошоци“, рече Ристески.

Ристески истакна дека состојбата со земјоделците е многу лоша.

„Со самото доаѓање на СДС на власт се случи едно катастрофално законско решение кое го донесоа и дозволија увоз на ситно лисен ориентален тутун што беше на штета на домашното производство“, рече Ристески.

Трајанов: Земјоделската политика на оваа Влада не е како европските, тие се грижат да имаат здрава храна, што не е случај кај нас

Здравко Трајанов, професор на Факултетот за шумарски науки и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена како „Современи политики за развој на земјоделството“ што се одржува во Прилеп во рамки на активностите под мото Ова е Македонија за сите рече дека оваа влада воопшто не е заинтересирана за земјоделието, шумарството и водостопанството.

„Политиката на оваа Влада за земјоделието не соодветствува со политиката во државите во Европа. Сите тие го штитат своето производство и се трудат да произведат здрава храна. Тоа не е случај кај нас. Нивната политика за овие области мора да се променат час поскоро. Нивните политики водат кон пропаст на земјоделието“, рече Трајанов.

Трајанов информираше дека од реалните 110 милиони евра субвенции едвај 50 проценти се субвенции од годината, се се заостанати субвенции, што значи немаат пари за субвенции“, информираше Трајанов.

Водостопанство и шумарството се уништени.

„Има празни езера, уништени водни системи. Се соочуваме со катастрофа. Тоа што го гледаме од Владата се фрлени пари за некаква трансформација која се надевам нема да се случи бидејќи ќе значи крах на шумарството“, рече Трајанов.

Трајанов на крајот укажа дека во Собранието стигна закон според кој секој може да биде инспектор во овие области.

 

Михаилов: СДС и ДУИ го донесоа ЈП Македонски шуми до колапс, долгот по сите основи е над 8,5 милиони евра


Во 2017-та година дојдоа во институција која беше ликвидна на една сметка имаа само преку 100 милиони денари за да сега неколку години подоцна претпријатието е веќе колабирано со преку 8,5 милиони евра долгови по сите основи, истакна Кире Михаилов поранешен вработен во Македонски шуми на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп насловена „Современи политики за развој на земјоделството“.

Тој додаде дека целта на власта е да направи една трансформација со која ќе избркаат 2/3 од вработените, тоа се околу 1,500-тини луѓе и ќе останат некои си 300-400-тини и при тоа ќе си направат полиња за одгледување на марихуана, фотоволтаици и да си тераат.

„Ги направија македонски шуми да бидат не свои на своето. Тие се тендераши на 6-8 фирми во државата и работат за нив. 20% од пазарот во Македонија го снабдува Македонски шуми а останатите 80% тие приватни претпријатија. Целта е една и треба да ја знаат граѓаните, реалната цена на огревот треба да биде од 3,000 до 3,500 денари, но меѓутоа во Македонски шуми дрва нема и ќе ве препратат во приватни претпријатија каде што чинат 4,500 до 5,000 денари а во време на сезона ќе чини 6,000 денари. Тоа е таа разлика каде што една клика во раководството на дирекцијата и подружниците ја користат само како тие знаат“, рече Михаилов.

Михаилов потенцираше дека власта треба да знае дека секој еден што се огрешил ќе одговара пред законот. Тука се случува невиден криминал и невидена багра, ова е нешто што никој пат се нема случено до сега.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан