Трибина „Климатска акција – сега!!!”
- На трибината ќе се дискутираат причините и последиците од климатските промени, мерките кои се превземаат за намалување на емисиите на стакленичките гасови (GHG – greenhouse gasses) во воздухо

Скопје, 16 ноември 2021 (МИА) - Во организација на зелената партија ДОМ – Демократска обнова на Македонија, денеска ќе се одржи онлајн трибина на тема „Климатска акција – сега!!!”, на платформата WEBEX.
На трибината, како што најавија од ДОМ, ќе се дискутираат причините и последиците од климатските промени, мерките кои се превземаат за намалување на емисиите на стакленичките гасови (GHG – greenhouse gasses) во воздухот и ублажување на последиците од влијанието на климатските промени, како и потребата од вклучување на сите чинители во општеството во насока на имплементација на ефективни и ефикасни решенија.
Воведно обраќање на трибината ќе има Маја Морачанин, пратеничка и лидерка на зелената партија ДОМ дма/са/