• недела, 28 јули 2024

Трибина за литературните манифестации

Трибина за литературните манифестации

Скопје, 13 септември 2022 (МИА) -  Во Друштвото на писателите на Македонија на 29-ти овој месец ќе се одржи трибина за учеството на македонските писатели – членови на ДПМ на литературните манифестации што се одржуваат во нашава Република. 

Како што информираат од ДПМ, на трибината ќе стане збор за Струшките вечери на поезијата, Рациновите средби, Празникот на липите, Карамановите средби и воопшто за сите други литературни манифестации. 

-На трибината ќе бидат искажани мислењата, погледите, ставовите, сугестиите, предлозите, забелешките и барањата на македонските писатели, а ќе бидат поканети медиумите, претставниците од Министерството за култура и организаторите на литературните манифестации, велат од ДПМ. 

Трибината ќе ја води Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, а одржувањето на трибината е иницирано од бројните реагирања на писателите до Друштвото на писателите, но и преку медиумите и социјалите мрежи. дма/са/

Остани поврзан