Трибина во тетовско Боговиње посветена на заштита на флората и фауната на Шар Планина
- Здружението за култура и уметност „Традита“ – Тетово денес во oсновното училиште „Абдул Фрашери“ во Општина Боговиње организираше трибина на тема „Заштита на биодиверзитетот на флората и фауната на Шар Планина – социјален императив“. Предавањето е дел од истоимениот проект на здружението што се реализира во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси (Кораб – Коритник – Шар Планина и Албанските Алпи)“.
Тетово, 4 декември 2024 (МИА) - Здружението за култура и уметност „Традита“ – Тетово денес во oсновното училиште „Абдул Фрашери“ во Општина Боговиње организираше трибина на тема „Заштита на биодиверзитетот на флората и фауната на Шар Планина – социјален императив“. Предавањето е дел од истоимениот проект на здружението што се реализира во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси (Кораб – Коритник – Шар Планина и Албанските Алпи)“.
-Овој настан имаше за цел да ја подигне свеста кај јавноста и да ги едуцира младите генерации, односно учениците, за нивната улога во континуираното промовирање и заштита на здрава и корисна животна средина за сите граѓани. Заштитата на биодиверзитетот на флората и фауната претставува заеднички предизвик за целото општество, сите образовни институции и невладини организации. Според него, сите заедно треба да работиме на промовирање на вредностите за заштита и развој на здрава животна средина во корист на граѓаните, рече Селам Сулејмани, претседател на Здружението „Традита“ и координатор на проектот.
На трибината свои научни гледишта пред учениците посочи професорот д-р Агрон Салихи.
-Биодиверзитетот на Шар Планина, заедно со многуте природни богатства, ја прави оваа област исклучително значајна од еколошка гледна точка, но и атрактивна туристичка дестинација за домашни и странски посетители. Шар Планина е позната по својата разновидна флора и фауна и е богата со генетски ресурси на екосистеми, кои бараат посебна грижа и заштита од оштетување и уништување, рече Салихи.
Директорот на основното училиште „Абдул Фрашери“ во Општина Боговиње, Енес Мисими, нагласи дека ова училиште ги поддржува сите проекти и иницијативи кои се од јавен интерес, особено активностите поврзани со заштитата на природните ресурси. ас/дма/
Фото: Здружение Традита