• среда, 20 ноември 2024

Трибина во Гостивар за подигнување на свеста за ракот на дојка

Трибина во Гостивар за подигнување на свеста за ракот на дојка

Гостивар, 10 март 2023 (МИА) - Поголема грижа за сопственото здравје со почести прегледи и контроли беа главните пораки од трибината „Да ја подигнеме свеста за рак на дојка“ која вечерва се одржа во Гостивар.

Кон пораката се приклучија и министерот за здравство Фатмир Меџити и гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари. Тие беа учесници на настанот што го организираа Здружението за иницијативи за развој и унапредување на здравствените услуги и застапеност на пациентите „ЕЗРА“ и општина Гостивар како дел од кампањата „Од мене до тебе“.

- Ние како локална самоуправа го поддржуваме и го поттикнуваме организирањето на овој тип на едукативни предавања, трибини кои се од корист за граѓаните. На таков начин тие може да се информираат за медицински теми и збиднувања во медицината, потенцира градоначалникот Таравари.

Поздравно обраќање до присутните во салата во советот на општина Гостивар имаше и министерот за здравство Фатмир Меџити.

На темата зборуваа Илир Веља торакален хирург и Илир Исмаили онколог, кои ја истакнаа важноста од превенција на карциномот со навремено дијагностицирање.

Исмаили препорача почести самопрегледи и редовни ехо и мамографски прегледи. Тој констатира дека во поново време се бележи благ пораст на бројките на откриени случаи со карцином на дојка. згм/нд/

Остани поврзан