• петок, 05 декември 2025

Трет ден на ракометниот турнир Струга 2025

Трет ден на ракометниот турнир Струга 2025

Струга, 15.август 2025 (МИА) - Со денешните два натпревара завршуваат дуелите од групите на ракометниот меѓународен турнир Струга 2025. Во првиот термин од 18:30 часот играат домаќинот Струга и гостите од Турција екипата на Бурса, додека веднаш потоа е дуелот за првото место во групата Б меѓу суперлигашите Тиквеш и Бутел. На тимот од Кавадарци доволен му е и нерешен резултат за да ја освои првата позиција во групата и да игра во финалето в сабота.

Резултати на досега одиграните дуели: Охрид - Бусра 38:28, Струга - Охрид 23:31 (А група) и Тиквеш - Раднички Крагујевац 24:20 и Бутел - Раднички Крагујевац 32:32 (Б група).

Натпреварите за пласман и финалето се играа в сабота.   мн/

Фото: Фејсбук Ракометен турнир Струга 2025

Остани поврзан