• понеделник, 23 декември 2024

Трета титула за Руд во Женева

Трета титула за Руд во Женева

 

Женева, 25 мај 2024 (МИА) – Најдобриот норвешки тенисер Каспер Руд (АТП – 7.) трет пат во кариерата го освои победничкиот трофеј на АТП турнирот во Женева, совладувајќи го попладнево во финалето Чехот Томаш Махач (АТП – 44.) со 7-5, 6-3.

Руд триумфираше во Женева и во 2021, 2022 и 2024 година.

За Махач ова беше прво АТП финале, додека Руд ја освои својата 12 титула во своето 23 финале, второ сезонава, откако го подигна победничкиот пехар во Барселона.

Освоените бодови на Руд нема да му донесат поместување на АТП рангирањето, додека Махач од 44. место ќе скокне на 34. позиција, што е најдобар пласман во неговата кариера.

Настапот во Женева, чешкиот тенисер ќе го памети и по полуфиналната победа против тенисерот број еден во светот Новак Ѓоковиќ. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан