• сабота, 23 ноември 2024

Трета година по ред во првото коло на АО ќе се соочат две шампионки

Трета година по ред во првото коло на АО ќе се соочат две шампионки

Мелбурн, 11 јануари 2024 (МИА) – Трета година по ред две Грен слем шампионки ќе ги одмерат силите меѓу себе на стартот на турнирот во Мелбурн.

Во првото коло на Австралија опен 2024, Ига Швјонтек ќе игра против Софија Кенин. Швјонтек е четирикратна победничка на Грен слем и светски рекет број еден. Кенин, која го освои Австралија опен во 2020 година, сега е 38-ма на ВТА-листата. Тие се сретнаа еднаш - во финалето на Ролан Гарос 2020 година, кога Швјонтек го освои својот прв Грен слем.

Во 2022 година на Австралија опен играа Ема Радукану и Слоун Стивенс, додека во 2023 година тоа беа Кенин и Викторија Азаренка. 

Првото коло на Австралија опен 2024 година ќе стартува в недела на 14 јануари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан