• понеделник, 23 декември 2024

Тренчевска: 100 дена Влада - платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Тренчевска: 100 дена Влада - платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Скопје, 2 октомври 2024 

Катастрофални се економските политики на новата влада предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.  По само 100 дена власт, резултатите се очигледни – пад на просечната плата, нема поголема минималната плата, има раст на цените и целосна деградација на работниците!

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата е намалена за 1.000 денари. Ова е прв пат после седум години постојан раст платите да се намалуваат.

Овој пад значи помалку пари во џебот на секој граѓанин, помалку можности за пристоен живот, и уште потежок удар врз стандардот.

СДСМ се бореше и обезбеди постојано зголемување на платите, дури и за време на најголемата економска и здравствена криза. Во 2015 година, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата беше 20.853 денари. Во времето на СДСМ, таа достигна над 41.000 денари, што покажува континуирана посветеност кон подобрување на животниот стандард.

Но, што гледаме денес? Наместо раст, гледаме пад на платите. Нема покачување ниту на минималната плата која требаше да биде 450 евра.

Работниците, кои со години беа заштитени од нашите мерки за покачување на платите, денес се чувствуваат изиграни и разочарани од владата на Мицкоски по само 100 дена.

Мерките кои ги предлага владата се задоцнети и неефективни. Замрзнувањето на маржите на само 73 производи не донесе никакво олеснување за граѓаните.

Додека цените на основните производи продолжуваат да растат, владата на Мицкоски не успева да преземе конкретни чекори за да ги заштити граѓаните од поскапувањето.

Ова не е влада што се грижи за граѓаните. Ова е влада која се обидува да ги замајува со 100 изговори. Работниците кои се надеваа на зголемување на платите се длабоко разочарани. Наместо тоа, политиката на евтина работна сила се враќа.

Владата на Мицкоски го враќа времето на сиромаштија и понижување на работниците. СДСМ не може да остане нем сведок на оваа ситуација. Ќе се бориме за вистински економски мерки кои ќе го заштитат секое семејство и ќе го гарантира достоинството на работниците.

Јована Тренчевска, пратеничка од СДСМ 

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото СДСМ

Остани поврзан