• среда, 13 ноември 2024

Тренчевска: Родовата еднаквост е наша цел, наша обврска, наша мисија

Тренчевска: Родовата еднаквост е наша цел, наша обврска, наша мисија
Скопје, 17 ноември 2022 (МИА) - За мене и за сите вклучени од исклучителна важност е оваа менторска програма за жените во администрацијата и како што можевме да видиме од последната презентација, секоја промена започнува од нас, тоа е дел од интервјуата или од евалуацијата на програмата и верувам дека секоја овде од нас ќе го потврди тоа, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска којашто денеска заедно со заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдштајн присуствуваа на промоцијата на прирачникот за менторство за жени во јавната администрација. Таа го потенцираше и значењето на процесот на менторирање на жени чија што цел е зајакнување на едни со други, како и пренесување на претходно стекнатото знаење. - Кога зборуваме за родова еднаквост зборуваме пред се за човеково право. За еднаков третман и на жените и на мажите во администрацијата и не само на местата каде што се бара работа туку и на местата каде што се носат одлуки и токму ваквите обуки, овој процес на менторирање ја подига свеста кај сите нас. Жените се вклучени во администрацијата на позиции како што се раководители на сектори но, на високите позиции најголем број се мажи вклучувајќи ги и директорските позиции, рече Тренчевска. Таа посочи дека тоа може да се промени само со свесни жени внатре во администрацијата и со жени кои имаат храброст и знаења да можат да се појават на позиции кои што значат раководење со одредена институција Министерката на крајот од своето обраќање изјави дека очекува ваквиот пристап да биде пракса не само кај јавниот туку и кај приватниот сектор. Прирачникот за менторство за жени во јавната администрација е резултат на Менторската програма за жените во администрацијата спроведена од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ. сх/нд/

Остани поврзан