• сабота, 23 ноември 2024

Тренчевска: Предизвиците на лицата со попреченост се и наши предизвици

Тренчевска: Предизвиците на лицата со попреченост се и наши предизвици

Велес, 8 февруари 2024 (МИА) - Дополнителната министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска вo Велес  оствари  средба со претставниците на  Здружението на слепи на Општина Велес.

На средбата, како што соопшти МТСП, се разговараше за поголема инклузија на слепите лица во општеството и обезбедување на повеќе ресурси за да се овозможи полесно нивно функционирање во општеството.

Тренчевска информира дека МТСП од државниот Буџет  за оваа 2024 година ги зголеми средствата за националните сојузи како за здруженијата за слепи така и за здруженијата за глуви и наглуви. За Националниот сојуз на глуви и наглуви на РСМ издвои 12.547.000 денари, додека за Националниот сојуз на слепите лица на РСМ издвои 13.967.000 денари што е за два милиони повеќе од минатата година за двата сојузи засебно.

Таа потенцира дека ги зголемиле средствата за работа на Сојузите затоа што,  како што додаде, напредокот на лицата со попреченост е нивни приоритет.

-Одлуките ги носиме согласно потребите на лицата со попреченост и тоа нема да се промени и во иднина. Напротив продолжуваме во континуитет да вложуваме особено во младите лица со попреченост затоа што го знаеме потенцијалот кој се крие во нив, посочи таа.

Тренчевска на денешната средба во Велес  со членовите на Здружението на слепи  разговораше  за секојдневниот живот на членовите на здружението и за плановите и претстојните  активности.

По средбата, како што е наведено во соопштението, беа презентирани и печатарите со кои ова Здружение подготвува материјали за читање за лицата со оштетен вид. ад/дма/

Фото:МТСП

Остани поврзан