Тренчевска на средба со Холштајн и директорот на ГИЗ на Северна Македонија
- Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска имаше средба со амбасадорката на Република Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн и директорот на Германското друштво за

Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска имаше средба со амбасадорката на Република Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн и директорот на Германското друштво за интернационална соработка на Северна Македонија, Давид Оберхубер, на којашто беше потпишан Меморандумот за спроведување на проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“.
Како што информира Министерството, Меморандумот бил потпишан со директор на ГИЗ, Амира Омановиќ заменичка на менаџерот на Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Модернизација на општинските услуги и Марија Ристеска извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП.
