• вторник, 24 декември 2024

Тренчевска на средба со Организацијата на работодавачи: Дијалогот за минималната плата меѓу засегнатите страни почнува во среда

Тренчевска на средба со Организацијата на работодавачи: Дијалогот за минималната плата меѓу засегнатите страни почнува во среда
Скопје, 31 јануари 2022 (МИА) - Преку дијалог со работниците и работодавачите ќе бидат изнајдени најсоодветни решенија за утврдување на висината на минималната плата. Дијалогот почнува во среда кога ќе го одржиме и првиот состанок на Економско социјалниот совет, информираше денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска по средбата со претставници на Организацијата на работодавачи. Главна тема на средбата беше барањето на синдикалците за зголемување на минималната плата и важноста од социјалниот дијалог во државата. -Нашиот став е дека преку преговори за минималната плата во кои ќе учествуваат Владата, работодавачите и работниците со факти и аргументи треба да дојдеме до решение кое е добро за сите засегнати страни. На овие состаноци ќе го отвориме и прашањето за промена на критериумите за минималната плата, посочи Тренчевска. Претставниците на Организацијата на работодавачи сметаат дека најдобро е дијалогот да започне со разговори за новите критериуми за покачувањето на минималната плата. Соговорниците се согласиле дека сите чинители во преговорите се еднакво важни во дијалогот од кој се очекува да произлезе најдобар одговор на прашањето за минималната плата.бт/са/

Остани поврзан