• сабота, 23 ноември 2024

Тренчевска: Креираме мерки и решенија кои во фокусот ги имаат потребите на граѓаните

Тренчевска: Креираме мерки и решенија кои во фокусот ги имаат потребите на граѓаните
Скопје, 18 јули 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со заменик амбасадорот и раководител на економскиот оддел во Амбасадата на С.Р. Германија во Скопје, Ото Граф, на која разговараа на неколку теми кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика. Како што соопштија од МТСП, на средбата се разговарало за законското решение недела ден на неделен одмор, со кое се предвидува денот недела да биде неработен ден за сите освен за оние дејности каде поради техничко-технолошки причини процесот не смее да биде запрен, како и за исклучоците кои се наведени во законот. Тренчевска појаснила дека законското решение предвидува одредени линии во одделни дејности да можат да работат доколку се од витално значење за функционирање на компанијата. Нагласила дека работењето во недела треба задолжително да биде пријавно во Државниот инспекторат на трудот, електронски на веб страницата на инспекторатот. На средбата се разговарало и за социјалната инклузија на лицата со попреченост на пазарот на труд. - Владата и Министерството се залагаат за поголема вклученост на лицата со попреченост на пазарот на труд. Министерството подготвува законско решение кое е во насока на унапредување на правата на лицата со попреченост во смисла на вработувањето. На носењето на ова законско решение ќе претходи широка јавна дебата со сите засегнати чинители во општеството, со цел креирање на заедничко решение кое ќе одговори на потребите во општеството, истакнала Тренчевска. Била отворена и темата за социјалната состојба на граѓаните, на што министерката Тренчевска дала осврт на досегашните преземени мерки на Владата кои ја потврдија својата ефикасност, наменети за ранливите категории на граѓани и компаниите погодени од кризата. Таа информирала дека со ребалансот на буџетот се предвидени дополнителни средства за мерки кои ќе го олеснат премостувањето на економската и енергетска криза особено за зимата која следи, а за која се очекува да биде тешка. Соговорниците изразиле уверување дека добро воспоставената соработка меѓу двете земји ќе продолжи и понатаму. цр/аа/    

Остани поврзан