• понеделник, 23 декември 2024

Тренчевска: Избран е медијаторот, наставниците да се вратат на работа бидејќи штрајкот е ставен во мирување

Тренчевска: Избран е медијаторот, наставниците да се вратат на работа бидејќи штрајкот е ставен во мирување
Скопје, 28 април 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вечерва објави дека е избран медијаторот за спорот меѓу Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура. Според Тренчевска, наставниците од утре треба да се вратат на работа бидејќи штрајкот е ставен во мирување, а доколку тоа не го сторат, тогаш ќе се смета дека се неоправдано отсутни и ќе се постапи согласно Законот за работни односи, поточно може да изгубат работа или да биде покрената дициплинска постапка против нив. Во изјава за телевизија 24, Тренчевска појасни дека се оди кон медијација во случај кога не може двете страни да најдат решение. - Кога се пристапува кон мирно решавање на спорот, штрајкот се става во мирување. Советот на СОНК постапил согласно закон и кога е прифатена медијацијата, штрајкот се става во мирување. Ако не се вратат наставниците на работа и продолжуваат со штрајкот кој веќе е прекинат со одлука на СОНК, тогаш ќе си сносат одговорност согласно Законот за работни односи - може да изгубат работа, да биде покрената дициплинска постапка...., појасни Тренчевска. Мидијаторот кој ќе го води спорот меѓу МОН и СОНК е Драгица Исаиловска- Митровска. Според министерката Тренчевска, се работи за правничка по професија, со долго искуство. - Таа е непристрасна, го знае правото, Законот за работни односи и законите за образование и има компетенции да биде помирувач. Со нејзината улога верувам дека ќе стигнеме до решение. Ќе има преставници на МОН, на СОНК и заедно со медијаторот ќе учевствуваат во преговорите, изјави Тренчевска. бак/нд/

Остани поврзан