• сабота, 23 ноември 2024

Тренчевска: Градиме заеднички спомени со децата од дневните центри

Тренчевска: Градиме заеднички спомени со децата од дневните центри

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска утринава со децата од Центарот за бездомни лица од Чичино Село и Дневните центри за деца на улица од Кисела Вода и Шуто Оризари го посетија Археолошкиот музеј во Скопје. Децата заедно со двете министерки неколку часа поминаа во катчето за деца каде читаа сликовници поврзани со археологијата.

Како што информираат од МТСП, Тренчевска истакна дека од особена важност е децата уште од најрана возраст да се запознаваат со делови на културното живеење и да посетуваат места врз кои се темели културата во нашето општество, посочувајќи дека при посетите како млади лица ќе имаат можност да учат нови работи.

Според неа детското катче во археолошкиот музеј ги има сите можности за на децата да им се доближи археологијата како наука, таа рече дека од особена важност е да се знае како се развивало општеството и кои биле предизвиците на цивилизациите во минатото Тренчевска посочи дека со илустириран материјал им се олеснува на децата да ги разберат непознатите поими со кои се сретнаа за време на посета на музејот.

Министерката Тренчевска заедно со министерката Костадиновска-Стојчевска подарија на секое дете по една сликовница поврзана за археологијата која ќе биде дел од нивното лично катче во дневните центри. сст/ац/

Фото: МТСП 

Остани поврзан