• сабота, 23 ноември 2024

Тренчевска ги посети општините Росоман и Кавадарци

Тренчевска ги посети општините Росоман и Кавадарци

Скопје, 23 август 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска направи увид на терен во Општина Росоман и Општина Кавадарци.

Тренчевска за медиумите изјави дека веќе се сретна со градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов и дека заедно веќе направиле увид на доградбата на градинката „Праскички“ со што ќе се зголеми капацитетот за сместување на деца во општината.

На настанот, министерката се осврна и на целта на средбата со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, а тоа е разговор за двете капитални инвестиции: Дневен центар за лица со попреченост и Дом за стари лица кои ќе се реализираат на територијата на општината.

Тренчевска најави и агендата до крајот на денот и информираше дека заедно со пратеничката Даниела Колева ќе остварат средба и со Здружението на пензионери во Кавадарци и иницијативниот одбор од пензионери за протестите во Кавадарци.

Исто така, министерката потсети дека настанот „Остави трага“ ќе се одржи на плоштадот во Кавадарци. сан/са/

Фото:МТСП

Остани поврзан