Тренчевска: Власта има 6 милијадри буџет, да ги зголеми платите на работниците и да исплати заостанати плати
- СДСМ е на страна на работниците и бара од Владата итно да преземе чекори за зголемување на платите во јавнот сектор, за потпишување на колективните договори и за решавање на проблемите.
Скопје, 17 јануари 2025
Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска - пратеничка
Власта на Мицкоски и ДПМНЕ го има најголем Буџет во историјата од 6 милијарди евра а не ги покачува платите на работниците во јавниот сектор.
За што е тој буџет од 6 милијарди евра ако не за да се поддржат граѓаните и работниците?
Очигледно за да се богатат функционерите на власт, за нивните плати, за коли, мебел, луксузирање на власта и задоволување на интересите на елитата. За удобност на власта но не и за поголеми плати за работниците.
Системот за зголемување на платите, воспоставен од СДСМ е целосно напуштен од актуелната власт, што резултира со влошување на животниот стандард на работниците.
Тоа го потврдуваат и последните податоци од Државниот завод за статистика. Трошоците за живот се пораснати за 4,4% а цените на основните производи се зголемени за 4,3%.
Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите, работниците живеат се потешко.
СДСМ бара власта да ги напушти овие погрешни политики и да ги покачи платите на работниците во јавниот сектор.
Дополнително, недозволиво е поради неспособност на актуелната власт околу 1.000 вработени во јавниот сектор се уште да бидат остевани без плата.
988 вработени во инспекторатите власта ги остави без плата токму за празниците.
Власта создаде хасо со измени во Законот за организација и работа на органите на државата управа.
Со распределбата и создавањето на новите министри инспекциските служби власта ги стави под капа на министерствата и не се повеќе самостојни органи.
Цела им беше само да им бидат под контрола работата на инспекциските служби а работниците ги оставија на маргините и целосно ги заборавија.
Затоа луѓето немаат земено плата.
Од јуни, кога беше усвоен Законот до сега, цели 7 месеци власта не успеа да најде соодветно решение, да обезбеди соодветни законски измени за да не дојде до ова.
Тотално неспремни и непособни. Вработените се збунети, не знаат ниту како ќе функционираат. Срамно и тажно е работниците да бидат принудени да протестираат барајќи нешто што го заслужиле, што им следува и што го заработиле.
СДСМ е на страна на работниците и бара од Владата итно да преземе чекори за зголемување на платите во јавнот сектор, за потпишување на колективните договори и за решавање на проблемите.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
Фото: СДСМ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.