• вторник, 26 ноември 2024

Тренчевска: Деветтиот пакет антикризни мерки има за цел поддршка на млади, најранливи граѓани и пензионери

Тренчевска: Деветтиот пакет антикризни мерки има за цел поддршка на млади, најранливи граѓани и пензионери

13 декември 2023

Претседателката на Форум на Жени на СДСМ, Јованка Тренчевска денес пред граѓаните на Гази Баба ги објаснуваше мерките од деветтиот пакет на антикризни мерки. Финансиската поддршка е наменета за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, како и продолжените ефекти од енергетската криза и стабилизирање на ценовната криза.

-Вие сте сведоци дека постојано сме на терен, до вас! Вашето мислење, потребите на граѓаните, за нас се на прво место. Вашата доверба верувам дека ни овој пат не ја изневеривме. Веќе подолго време сите нас нѐ мачи истата мака, постојаните предизвици што ги носи енергетската криза и нестабилноста на цените, меѓутоа со слога, заедничко работење и чисто поставени цели ова се предизвици што заедно рамо до рамо лесно ќе ги поминеме. Воведуваме насочена финансиска помош за примателите на пензија, осигурувајќи се дека најранливите меѓу нас ја добиваат поддршката што им е потребна за да се движат во овие тешки времиња, истакна Тренчевска.

Таа објасни дека деветтиот пакет на мерки има за цел поддршка на млади лица, ученици и студенти, најранливи граѓани, пензионери, граѓани корисници на социјална помош, граѓани со посебни потреби, самохрани родители, домаќинства со ниски приходи, земјоделците, како и поддршка на компаниите во процесот на зелена транзиција.
-Во никој од мерките кои ги носиме не ги забораваме ни лицата кои живеат на прагот на. Корисниците на надоместок ради попреченост, самохрани родители – корисници на Гарантирана минимална помош, родители на деца со попреченост до 26 години, кои користат посебен додаток за нив одделивме  2.722.114 евра, и овие лица ќе добиваат по 2.000 денари во наредните 5 месеци или вкупно по 10.000 денари, рече Тренчевска.

Тренчевска на крај од своето обраќање испрати силна и искрена порака до присутните.

-Ние веруваме дека ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ не е само реченица, ние работиме кон исполнување на таа цел. Во сите мерки кои ги спроведуваме владее духот на социјалдемократијата. Секој ден наоѓаме причина за храбро да продолжиме со нашата работа. Овој пат причината е ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ, тоа нѐ водеше кога решивме да бидеме дел од партијата тоа, ќе нѐ води и од денес па понатаму, рече Тренчевска на трибината „Повеќе за сите!“ вечерва во скопска Гази Баба.

СДСМ по иницијатива на СДММ обезбеди за прв пат мерка за субвенциониран студентски оброк, над 3.300 денари коишто ги добиваат 40.000 редовни студенти, и тоа е повеќе за младите, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски на трибината „Повеќе за сите“ во Гази Баба.


Обезбедивме младински додаток од 3.000 денари на плата за млади во производствен процес, додаде тој. Заедно се изборивме стапката на невработеност кај младите да опадне на историски најниско ниво, само преку Гаранција за млади вклучивме над 80.000 млади. Обезбедивме грантови за самовработување за млади:  5.000 евра по лице или 10.000 за двајца партнери доколку основаат фирма.  Тука е и мерката на СДСМ за грантови за млад земјоделец од 10 000 евра. Па се до последниот пакет економски антикризни мерки вреден 662 милиони евра каде издвојуваме поддршка за ранливи, но и ваучери за средношколци и студенти. Бројките говорат се, тоа е грижа за сите, рече Михаилоски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

 

Остани поврзан