• сабота, 23 ноември 2024

Тренерот на македонската боксерска репрезентација, Харуни, пронајде чанта со пари и му ја врати на сопственикот

Тренерот на македонската боксерска репрезентација, Харуни, пронајде чанта со пари и му ја врати на сопственикот
Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) - Тренерот на македонската боксерска репрезентација, Насер Харуни, воедно и тренер на клубот Шкупи, направи големо дело. Тој најде чанта со прилично голема сума и му ја врати на сопственикот. - Бев во „Рамстор“, само што излегов до паркингот пред мојата кола најдов една чанта, од љубопитноста ја отворив чантата гледам во неа имаше паричник со документација, лична карта, возачка дозвола, банкарска картичка, и едно плико каде имаше 675 евра и 9.000 денари. По лична карта ја видов адресата и без двоумење тргнав да го најдам сопственикот на чантата. Кога стигнав во Кисела Вода, сопственикот не беше дома, сигурно бил по потрага на изгубена чанта, зборував со комшиите, го повикаа на телефон и за 10 минути стигна заедно со своето семејство, жена, млади , деца. Му реков дали си изгубил нешто? Да, да ми рече една чанта и не знаеше што да каже, од радост му течеа солзи радосници. Се викаше Ѓокица, младо момче, семеен човек, беше со едно мало детенце во количка. Ми рече: не можам да поверувам дури до дома си ми ја донел изгубената чанта. Ме праша од каде си и како се викаш, му вратив се викам Насер и од Чаир сум. Од радост викаше о господе, и извади 100 евра и ми рече овие ти се бакшиш од мене, му реков нема потреба, многу пати ме замоли, те молам, те молам, барем за кафе или ручек да јадете со семејството. Со ова сакав да кажам, луѓето треба да се делат на добри и лоши, а со Ѓокица ќе се сретнеме повторно на некоја средба да пиеме по едно кафе, бидејќи и тој бил спортист ракометар, напиша Харуни на Фејсбук. Потегот на Харуни го поздрави и Боксерската федерација на Македонија. - Нашиот тренер ја потврди веста, чесноста пред сè, тоа е карактеристика на сите наши тренери кои работат во боксот, Харуни е пример за тоа, објави БФМ на својата веб-страница. зс/

Остани поврзан