Тренерот на Боде-Глимт, Кнутсен: Ќе влеземе во натпреварот против Интер како резултатот да е 0:0
- Тренерот на Боде-Глимт, Кјетил Кнутсен, ги сподели своите очекувања за реваншот против Интер во плејофот од Лигата на шампионите.
Милано, 24 февруари 2026 (МИА) – Тренерот на Боде-Глимт, Кјетил Кнутсен, ги сподели своите очекувања за реваншот против Интер во плејофот од Лигата на шампионите.
Првиот натпревар, кој се одржа во Норвешка на 18 февруари, заврши со победа од 3:1 за Боде-Глимт.
- Не треба да седиме длабоко во одбраната. Според мене, подобро е да излеземе на теренот како резултатот да е 0:0 и дека не можеме да играме премногу длабоко. Ни треба рамнотежа - не треба да се повлекуваме во длабока одбрана и да се потпираме исклучиво на контранапади. Мора да се браниме како тим, но и да напаѓаме како тим. Тоа е нашиот начин на размислување, изјави Кнутсен за сајтот на УЕФА.
Реванш натпреварот помеѓу тимовите ќе се одржи во Милано во вечер со почеток во 21 часот. зс/
Фото: ЕПА