Трендафилов во пресрет на ЕСС: Пратениците пред локалните избори да донесат брзи законски измени за раст на платите
- Во пресрет на денешната седница на Економско-социјалниот совет, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов ги повика пратениците пред локалните избори по брза постапка да изгласаат вонредно зголемување на минималната плата.

Скопје, 30 јули 2025 (МИА) - Во пресрет на денешната седница на Економско-социјалниот совет, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов ги повика пратениците пред локалните избори по брза постапка да изгласаат вонредно зголемување на минималната плата.
- Денес е добра можност Владата да покаже дека се грижи за работниците, а пратениците пред распишување на локалните избори да донесат брзи законски измени и да утврдат минимална плата од 500 евра, ако не ..., напиша Трендафилов на Фејсбук.
Сојузот на синдикати, како што изјави Трендафилов на последната прес-конференција, ќе го покрене прашањето за зголемување на минималната плата на 500 евра и на сите останати плати за 6.000 денари.
Според пресметките на ССМ, синдикалната минимална кошничка лани е зголемена за 6 500 денари, а оваа година делот за храна и пијалаци од завршувањето на последната мерка пораснал за 2 000 денари или за 150 евра се зголемени трошоците за живот за едно четиричлено домаќинство. бак/са/
Фото: МИА архива