• сабота, 23 ноември 2024

Трговците на пазарите и во штипските супер маркети ги трошат последните залихи од зеленчук

Трговците на пазарите и во штипските супер маркети ги трошат последните залихи од зеленчук

Штип, 6 април 2023 (МИА) - По замрзнувањето на цените на зеленчукот се трошат последните залихи на тезгите на Градскиот пазар во Штип, но и по супер маркетите. Ванчо Ѓеорѓиев трговец на Градскиот пазар во Штип, кој со години има тезга на која продава зеленчук и овошје вели дека ги троши последните залихи на домат, краставица, пиперки, но и на грав.

-Немаме роба, не смееме да товараме роба од магацините по старата цена. Ова е робата што ни остана од пред неколку дена, таа ја продаваме, вели Ѓеорѓиев.

Прашан дали ќе имаат нови пратки од зеленчук, Ѓеорѓиев посочува дека магацините од кои набавуваат не им нудат зеленчук и овошје по замрзната цена.

-Магацините си ја држат цената, а тука на нас ни е намалена и ние не можеме да ја работиме, продаваме таа роба. Нема домат, нема краставици, нема и грав. На гравот му бараат 130 денари, а ние овде на тезгата мора да го продаваме по 75 денари, затоа и не го земаме. Утре на пазар ќе нема грав и останати работи, вели Ѓеорѓиев.

Раководителот на Градски пазар-Штип, Димче Колев за МИА потврдува дека трговците кои имаат закупено тезги на пазарот во Штип ги трошат последните залихи од зеленчукот, кој е веќе со замрзната цена. Забележува дека математиката меѓу нив и увозниците не се совпаѓа и затоа не набавуваат нови колични на зеленчук за продажба. Посочува дека трговците ова и го очекувале да останат без зеленчук  на тезгите по замрзнувањето на цените.  вдј/дма/

 
Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан