• четврток, 26 декември 2024

Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во Струмица
Струмица, 19 јануари 2022 (МИА) - Трајче Серафимовски (29) денеска го фати Светиот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица. Во водата скокнаа 15 граѓани, а најбрз беше Серафимовски. - Втор пат скокам по крстот и успеав да го фатам. Посакувам здравје и среќа на сите, рече Серафимовски. Тој од Општина Струмица доби Плакета-православен крст и подароци од спонзорите. Со свечена Богојавленска литургија, празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија. рт/цр

Остани поврзан