• понеделник, 23 декември 2024

Трајковски: Локалната власт во изминатите 12 месеци обезбеди инвестиции од 180 милиони денари

Трајковски: Локалната власт во изминатите 12 месеци обезбеди инвестиции од 180 милиони денари
Делчево, 10 ноември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска на прес-конференција го презентираше сработеното во првата година од вториот мандат како градоначалник.
Трајковски посочи дека во изминатите 12 месеци локалната власт обезбеди инвестиции во висина од над 180 милиони денари.
-Овие средства сами не се одработуваат, потребна е тимска и макотрпна работа и максимална посветеност. Во оваа прилика изразувам благодарност до вработените во  Општина  Делчево за нивната посветеност  и одговорност во подготовката на потребната  техничка документација и реализацијата  на  проектите,  за нивниот ангажман и прекувремената работа, рече Трајковски.
Во отчетот, Трајковски ги потенцираше капиталните проекти од областа на енергетската ефикасност, реконструкцијата на водоводна мрежа, улици и патишта  инвестициите во противпожарната заштита и во образовните институции, чистата живорна средина, подобрување на животот на младите преку работата на локалниот младински Совет, родовата еднаквост и проектите реализирани преку Ромактед програмата.
Воедно на прес конференцијата Трајковски испрати порака до дел од членовите на Советот кои според него неоправдано ја  напаѓаат општинската администрација, најавувајки понатамошен силен ангажман за унапредувањата на правата на вработените во општинската администрација.

Во претходниот мандат како што заврши Трајковски на денешната прес конференција во Делчево се инвестирани над 500 милиони денари, а во оваа прва година од вториот мандат инвестиции над 180 милиони денари , коишто на задоволство на сите граѓани, спред него се видливи токму благодарение на неговата и максимална посветеност на општинската администрација, се со цел овие инвестиции да бидат реализирани. вс/дма/

Остани поврзан