Трајковски го собори македонскиот рекорд во скок во далечина стар 27 години
- Помалку од една недела откако почна да настапува под македонското знаме, Андреас Трајковски го подобри државниот рекорд стар 27 години, прескокнувајќи седум метри и 33 сантиметри на Отворенот

Скопје, 14 февруари 2022 (МИА) – Помалку од една недела откако почна да настапува под македонското знаме, Андреас Трајковски го подобри државниот рекорд стар 27 години, прескокнувајќи седум метри и 33 сантиметри на Отвореното првенство на Шведска одржано изминатиот викенд.
Роден во Шведска со македонски корени, Трајковски неодамна доби дозвола од Светската атлетска федерација за промена на националните бои и за кратко време го собори рекордот што во 1995 година го постави Тони Дамчески од седум метри и 13 сантиметри
Покрај во дисциплината во скок во далечина, Трајковски настапи и на трката на 60 метри, и со резултат во финалето од 6,97секунди го освои четвртото место на Отвореното првенство на Шведска. ег/ар/