• сабота, 23 ноември 2024

Трајковски го освои 12. место на Светското атлетско првенство во сала

Трајковски го освои 12. место на Светското атлетско првенство во сала

 

Глазгов, 2 март 2024 (МИА) – Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски се пласираше денеска на 12. место во дисциплината скок во далечина на Светското првенство во сала кое се одржува во шкотскиот град Глазгов.

Трајковски прескокна 7.73 метри што е за шест сантиметри послаб резултат од неговиот личен и македонски рекорд, кој го постави на 10 февруари на Балканијадата во Истанбул.

Трајковски ја почна серијата со скок од 7.55 метри, во вториот обид прескокна 7.73, а во третиот 7.51 метри.

Гркот Милтиадис Тентоглу ја одбрани титулата во скок во далечина, а 25-годишниот актуелен олимписки и светски првак на отворено до своето ново злато во кариерата дојде по драматична борба.

Тентоглу и 19-годишниот Италијанец Матија Фурлани во првата серија прескокнаа 8.22 метри што останаа најдолги должини, а Гркот го освои златниот медал благодарение на подобриот втор скок. Неговиот изнесуваше 8.19 метри, а второто најдобро остварување во финалната серија на Фурлани изнесуваше 8.10 метри.

Бронзата со прескокнати 8.21 метри му припадна на Кареј Меклод од Јамајка. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан