• понеделник, 10 март 2025

Трајковски вечерва во битка за медал на атлетското Европско првенство

Трајковски вечерва во битка за медал на атлетското Европско првенство

 

Апелдорн, 7 март 2025 (МИА) – Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски вечерва ќе настапи во финалето во дисциплината скок во далечина на Европско првенство во сала кое се одржува во холандскиот град Апелдорн.

Пласманот во финалната серија и шансата да се бори за историски медал за македонската атлетика Трајковски го обезбеди во вчерашните квалификации кога во третата серија прескокна 7.85 метри.

Со овој резултат Трајковски како седмопласиран се најде меѓу осумте финалисти, а воедно го подобри и македонскиот рекорд во скок во далечина.

Финалето во скок во далечина во машка конкуренција е на програмата вечерва со почеток во 20:34 часот. ег

ФОТО: АФМ

Остани поврзан