• сабота, 23 ноември 2024

Трајанов: Сите кои ќе бидат вклучени во пописот да бидат вакцинирани

Трајанов: Сите кои ќе бидат вклучени во пописот да бидат вакцинирани
Скопје, 27 јануари 2021 (МИА) - Претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, Павле Трајанов во вечерашната емисија на 24 Aнализа смета дека треба да има попис, затоа што е потребен за планирање за натамошен развој на државата. Тоа не е спорно, но спорни се неколку моменти околу разгранучивање кое е резидентно население, а кое не, забележува Трајанов.
– Мора да се одвои кои се тие кои живеат тука. Тоа беше клучна забелешка. Јас предложив ако е можно експерти од сите политички партии да бидат повикани од директорот на Завод за статистика. Пописот треба да добие поддршка од сите партии. Тоа што е пропуштено во Законот, да се вгради во методологијата и таа ќе биде согласно сите стандарди, вели Трајанов.
Тој рече дека со Рамковниот договор се затвораме во етнички гета и тоа ќе не подели. Вели дека има многу коментари до неговата партија, дека во услови на пандемија, не треба да има попис. Трајанов предлага сите кои ќе бидат вклучени во пописот да бидат вакцинирани за да не се загрозува здравјето на попишувачите и на граѓаните. ац/

Остани поврзан