• среда, 27 ноември 2024

Трајановски: Се надевам дека пред Нова година ќе ги внесеме на терен „Бехтел и Енка“

Трајановски: Се надевам дека пред Нова година ќе ги внесеме на терен „Бехтел и Енка“

Скопје, 19 август 204 (МИА) -  Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски се надева дека пред Нова година ќе ги внесат на терен „Бехтел и Енка“ со активности за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, откако претходно ќе се заврши потребната експропријација и дислокација на електрични и телекомуникациски водови.

Како што соошти денеска Трајановски, интензивно се работи на експропријации за кои кои претходната влада дала рокови да бидат завршени минатата година, а средствата за таа намена се надвор од планираните милијарда и 300 милиони евра за изградбата на автопатиштата. 

-Потпишан е договор којшто е специфичен, којшто е по специјален закон направено и сметам дека, пак ќе кажам претходната влада, поставиле рокови за експропријација и дислокација на електрични водови и телекомуникациски водови којшто е надлежност на Република Македонија и не спаѓаат  во тие милијарда и триста милиони, да бидат завршени минатата година. Ние правиме интензивни напори и последниов месец и нешто вложуваме голем напор во експропријацијата. Додека не ја решиме експропријацијата тие не може да влезат.  Тие влегуваат откако ќе биде исчистено земјиштето, значи да биде експроприрано, да бидат дислоцирани каблите, да има деминирање. Дури и проектирањето е под надлежност на Република Македонија, не е во тие милијарда и триста, така што интензивно работиме за да може што побрзо „Бехтел и Енка“ да почнат да работат. Се надевам дека пред Нова година веќе ќе ги внесеме на терен, изјави Трајановски, при посетата на Кавадарци.

Трајановски потенцираше дека станува зор за дополнителни средства покрај  планираните милијарда и триста милиони евра за патиштата. 

Директорот на ЈПДП соопшти и дека го разгледуваат проблемот  на жителите на прилепското село Ореовец кои со блокада на патишта ги спречуваат ископите на  „Бехтел и Енка“ за делницата Прилеп-Битола, со образложение дека се нарушува статиката на нивните куќи и ќе се уништат изворите за вода.

 -Ние го разгледуваме тој проблем. Сето тоа е од минатата влада и од минатиот градоначалник кој  е од април оваа година, така што тоа е наследен проблем којшто ние понатаму треба да го решаваме, изјави Трајановски.

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ на 8 март минатата година потпиша  Договор со претходната Влада со кој се обврза до 2027 година да изгради  четири автпатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10-д. Со договорот се опфатени автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1  километар), Тетово – Гостивар ( над 17  километри)  и Прилеп – Битола (40 километри) од Коридорот 10- д. лв/свд/

Фото: МИА

Остани поврзан