Трас пристигна во Сараево
- Шефицата на британската дипломатија прво ќе се сретне со министерот за надворешни работи на БиХ, Бисер Турковиќ, а потоа се планирани средби со членовите на Претседателството на БиХ.

Сараево, 25 мај 2022 (МИА) - Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас пристигна во Сараево.
Трас утре треба да се сретне со претставници на БиХ, а во Сараево треба да остане до утре вечер, јавија локалните медиуми.
Шефицата на британската дипломатија прво ќе се сретне со министерот за надворешни работи на БиХ, Бисер Турковиќ, а потоа се планирани средби со членовите на Претседателството на БиХ.