• понеделник, 23 декември 2024

Транспортот на дел од вакцините против Ковид-19 ќе се реализира преку УНИЦЕФ

Транспортот на дел од вакцините против Ковид-19 ќе се реализира преку УНИЦЕФ
Скопје, 15 декември 2020 (МИА) - Владата денеска во рамки на 30.седница ја разгледа и усвои информацијата за вакцинацијата против Ковид-19 која ги опфаќа подготвеноста на системот, улогата на УНИЦЕФ како координатор на набавки во Ковакс механизмот, директните преговори со производителите и со Европската комисија и земјите-членки на Европската унија. Во врска со оваа точка, Владата го задолжи Министерството за здравство да го извести Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) и УНИЦЕФ (преку претставникот на УНИЦЕФ во државава и Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ во Женева) дека Владата на Република Северна Македонија донесе одлука услугите поврзани со набавката на вакцини против Ковид-19 во рамки на Ковакс механизмот во име на Република Северна Македонија да се вршат преку УНИЦЕФ, врз основа на позитивно мислење на Министерството за надворешни работи и Бирото за јавни набавки дека такво учество на УНИЦЕФ е можно согласно Меморандумот за разбирање меѓу УНИЦЕФ и нашата земја од 2005 година, соопшти владината прес-служба. рп/са/

Остани поврзан