• вторник, 24 декември 2024

Трамп: 100 отсто шанси за терористички напад во САД поради илегалните имигранти

Трамп: 100 отсто шанси за терористички напад во САД поради илегалните имигранти

Вашингтон, 28 јануари 2024 (МИА) - Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, смета дека веројатноста да се случи терористички напад во САД е 100 отсто, поради, како што рече, големиот број илегални имигранти.

„Нашата земја оди во пеколот поради неспособни или лоши луѓе. Терористите доаѓаат неконтролирано од целиот свет... И има 100 отсто шанси да има голем терористички напад во САД, оцени Трамп на предизборниот митинг во Невада.

Трамп посвети голем дел од својот говор на ситуацијата на јужната граница на САД со Мексико, повторно ветувајќи дека „ќе ја започне најголемата операција за депортација во Америка“. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан