• петок, 05 декември 2025

Трамп ќе поднесе тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против „Њујорк тајмс“

Трамп ќе поднесе тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против „Њујорк тајмс“

Вашингтон, 16 септември 2025 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе поднесе тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против весникот „Њујорк тајмс“.

-Денес имам голема чест да поднесам тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против „Њујорк тајмс“, рече Трамп во објава на неговата платформа за социјални медиуми „Truth Social“.

Тужбата ќе биде поднесена во Флорида, рече Трамп, без да даде дополнителни детали за случајот.

-„Њујорк тајмс“ имаше право да ме лаже, клевети и дискредитира предолго, но тоа завршува СЕГА“, напиша Трамп.

„Њујорк тајмс“ не одговори веднаш на барањето за коментар.

Трамп го обвини весникот дека лаже за него, неговото семејство и неговиот бизнис. мс/

Остани поврзан