• вторник, 24 декември 2024

Трамп ја критикуваше помошта за Украина на состанокот со републиканците во Конгресот

Трамп ја критикуваше помошта за Украина на состанокот со републиканците во Конгресот

Вашингтон, 13 јуни 2024 (МИА) - Доналд Трамп ја критикуваше американската помош за Украина од 60 милијарди долари и ги поддржа царините за кинеските производи на состанокот со републиканците во Конгресот, пренесе порталот Индекс.

-Тој се прашува каква ќе биде користа ако победи Украина, изјави за новинарите републиканецот Дон Бејкон.

Трамп на состанок зад затворени врати рече дека ќе работи на проширување на тесното мнозинство на партијата во Претставничкиот дом од 218 на 213 места и ќе помогне да се реизберат дури двајца републиканци кои гласаа за негово отповикување откако неговите поддржувачи го нападнаа Капитол на 6 јануари 2021 година.

Трамп, исто така, ги повика републиканците во Претставничкиот дом да не вршат притисок за национална забрана на абортусот и ги повика да се откажат од внатрешните борби што ја ослабнале нивната ефикасност, рекоа пратениците.

Републиканците се надеваат дека Трамп ќе го победи Бајден, ќе го зајакне нивното тенко мнозинство во Претставничкиот дом и ќе ја преземе контролата врз Сенатот, каде што демократите во моментов водат 51 до 49 места. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан