• четврток, 09 април 2026

Трамп објави видео од смртоносен напад врз Техеран: Убивме многу ирански воени лидери

Трамп објави видео од смртоносен напад врз Техеран: Убивме многу ирански воени лидери

Вашингтон, 5 април 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп објави видео на својата социјална мрежа Truth Social за кое тврди дека прикажува „масовен напад во Техеран“.

Тој додаде дека во нападот се убиени „многу ирански воени лидери кои биле лошо и неодговорно водени“. 

Тврдењата на Трамп доаѓаат во време на интензивни напади врз ирански воени и политички цели, во кои веќе се убиени високи функционери, вклучувајќи го и врвот на воениот и безбедносниот апарат.

Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран дополнително ескалира, при што двете страни даваат спротивставени тврдења за обемот на штетата и бројот на смртни случаи во последните напади. мс/

фото: Принтскрин

Остани поврзан