• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп: Не може да има безбедност доколку САД не го контролира Гренланд

Трамп: Не може да има безбедност доколку САД не го контролира Гренланд

Вашингтон, 27 март 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „не може да има безбедност“ доколку Америка не го контролира Гренланд.

Тој додаде дека САД „мора да ги убедат“ жителите на Гренланд да станат американски државјани, пренесоа американските медиуми.

Запрашан дали мисли дека тие сакаат да станат американски државјани, Трамп рече дека „не знае, но Вашингтон мора да ги убеди и да го направат тоа“.

Во интервјуто за „Винс Шоу“ Трамп денеска нагласи дека на САД им е потребна контрола над Гренланд поради национална безбедност.

Неговите изјави предизвикаа незадоволство кај жителите на оваа данска автономна територија

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша планираат утре да ја посетат американската воена база на овој арктички остров.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан