• сабота, 23 ноември 2024

Трамп најави дополнување на листата за забрането патување во САД

Трамп најави дополнување на листата за забрането патување во САД
Давос, 22 јануари 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнување на листата со земји чии државјани имаат забрана за патување во САД или имаат големи рестрикции за влез. Трамп изјави дека неговата администрација е подготвена да додаде „неколку држави“ на спорната листа со земји чии државјани имаат забрана за патување во САД или кои имаат големи рестрикции за влез во Америка. - Ќе додадеме неколку земји на таа листа. Треба да останеме безбедни. Нашата земја треба да биде безбедна, истакна Трамп на маргините на Светскиот економски форум во Давос, нагласувајќи дека имињата на тие држави „многу брзо“ ќе бидат објавени. „Волстрит џурнал“ пишува денеска дека администрацијата на Трамп е подготвена да додаде седум африкански и азиски земји на списокот, меѓу кои се наоѓа и Нигерија. гт/

Остани поврзан