• петок, 11 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп изрази надеж за постигнување договор со Иран што ќе го спречи да се здобие со нуклеарно оружје

Трамп изрази надеж за постигнување договор со Иран што ќе го спречи да се здобие со нуклеарно оружје

Вашингтон, 7 март 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека очекува „многу скоро“ да се случи нешто во врска со иранското прашање.

Говорејќи пред новинарите во Белата куќа, Трамп изрази надеж дека тоа ќе биде договор што ќе го спречи Техеран да се здобие со нуклеарно оружје.

Претходно денеска американскиот претседател објави дека сака нуклеарен договор со Иран, откако вчера испрати писмо до раководството на земјата во кое предложи да преговараат.

За време на неговиот прв претседателски мандат во периодот 2017-2021 година. Трамп ги повлече САД од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и повторно ги воведе американските санкции кон Исламската Република. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан