• понеделник, 16 декември 2024

Трамп: Зеленски сака демократите да победат на претседателските избори во САД

Трамп: Зеленски сака демократите да победат на претседателските избори во САД

Вашингтон, 24 септември 2024 (МИА) - Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака демократите да победат на изборите на кои тој ќе се соочи со демократската потпретседателка Камала Харис, пренесоа британските медиуми.

-Мислам дека Зеленски е најголемиот бизнисмен во историјата. Секогаш кога доаѓа во земјата, тој си заминува со 60 милијарди долари, рече Трамп на митинг во Пенсилванија.

„Тој очајно сака тие да победат на овие избори, бидејќи јас ќе постапев поинаку, ќе преговарав за мир“, додаде американскиот поранешен претседател.

Трамп рече дека ако победи на изборите, ќе ги повика рускиот претседател Владимир Путин и Зеленски да постигнат договор за завршување на војната.

Штабот на Харис не одговори веднаш на забелешките на Трамп, а тој не даде детали за неговиот мировен план. Според анкетите, двајцата кандидати се во тесна трка за влез во Белата куќа.

Зеленски пристигна во САД во неделата за да учествува на седниците на Генералното собрание на ОН и ги повика своите партнери да помогнат да се постигне „заедничка победа за вистински праведен мир“.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година Вашингтон и неговите сојузници обезбедија милијарди долари помош за оваа земја, додека воведоа неколку пакети санкции кон Москва.

Помошта од САД за Украина Трамп редовно ја нарекува губење пари и одбива да каже дека сака Украина да победи.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан