Трамп потпиша пакет-закони, со што се става крај на блокадата на американската влада
- Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша пакет-закони за финансирање на федералната влада, со што се става крај на кратката блокада на владата што почна во саботата, објави синоќа Ен-би-си.
Вашингтон, 4 февруари 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша пакет-закони за финансирање на федералната влада, со што се става крај на кратката блокада на владата што почна во саботата, објави синоќа Ен-би-си.
Претставничкиот дом на САД претходно гласаше на двопартиско гласање за одобрување на пакетот за финансирање на владата со 217 гласа „за“ и 214 „против“.
Предложениот пакет би обезбедил финансирање за федералната влада до крајот на септември, со исклучок на Министерството за внатрешна безбедност, чие финансирање е продолжено за две недели додека не се постигне договор за реформите што ги бараат демократите, особено во врска со агенциите за царинска и гранична заштита.
По процедуралното гласање, Конгресот сега има 10 дена да постигне поширок договор за финансирањето на Министерството за внатрешна безбедност, а новото времетраење на сегашното финансирање истекува на 13 февруари. мс/јт/
фото: ЕПА