• петок, 08 ноември 2024

Традиционално осмо искачување на велешкиот рид „Свети Илија“ по повод Илинден и манастирската слава

Традиционално осмо искачување на велешкиот рид „Свети Илија“ по повод Илинден и манастирската слава

Велес 2 август 2023 (МИА) - По повод големиот македонски празник Илинден, 2 Август, Планинарски дом „Чеплес“ и годинава по осми пат организираше ноќно искачување на ридот „Свети Илија“ на 565 метри надморска височина и посета на истоимениот манастир „Свети Илија“ лоциран од другата страна на ридот над Велес.

- Ноќното искачување синоќа стартува на плоштадот „С“рмаале“, а по посетета на манастирот „Свети Илија“ кој празнува слава и малиот одмор некаде околу полноќ сите учесници повторно се вратија во Велес, информира за МИА, Драган Димов.

Патеката беше  прилагодена како за возрасни така и за деца. Нејзината должина беше  околу три километри. Годинава учествуваа  80-тина рекреативци, меѓу кои и десетина деца, а најголем дел од Велес и помали групи од Скопје и Пробиштип и некои лица  од Прилеп. ад/дма/

Фото: Драган Димов

Остани поврзан